Тренерот на Вардар, Васоски се одлучи со кои почетни 11-мина ќе истрча на дуелот во Струмица. Поради здравствени проблеми и на овој натпревар ќе го нема еден од најдобрите играчи на Вардар, Матеј Цветаноски.
Денешниот тим е составен од повеќе млади играчи како Стојановски, Реџепи Велковски, Мартинага и Парталко. На клупата останаа искусните Петровиќ, Најденов и Петковски.