Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Познати имињата на играчите за Фк Вардар генер. “2005“ кои ќе настапат на турнирот во Бугарија
Познати имињата на играчите за Фк Вардар генер. “2005“ кои ќе настапат на турнирот во Бугарија

Познати имињата на играчите за Фк Вардар генер. “2005“ кои ќе настапат на турнирот во Бугарија

Фк Вардар генерација родени “2005“ година во среда ќе отпатува за Сандански ( Бугарија), каде во периодот од 17-21-ри февруари ќе учествува на силен меѓународен турнир. Тие ќе бидат во групата 2, со екипите на ЦСКА Софија, Фк Метал 2002, Фк Векта, ОФК Вихрен Сандански и Фк Царско Село (Софија). Тука екипите ќе бидат поделени во две групи, од по шест екипи. Покрај нив на овој турнир, ќе настапи уште Вардарова генерација, родени “2004“ година, предводени од тренерот Филип Арсовски.

Тренерот на генерација “2005“ веќе го објави списокот на играчи, кои ќе настапат на овој турнир. За Сандански ќе патуваат: Леонид Илиевски, Андреј Данчевски Данстак, Матеј Николовски, Зоран Фидановски, Симеон Здравковски, Тино Спасиќ, Ѓорѓи Дошев, Филип Јовановски, Лука Јакимовски, Никола Величковски, Дарко Сековски, Давор Лефковски, Дамјан Конески, Влатко Колуковски, Горјан Цветков и Петар Пројкоски. 

Шанса за настап на овој турнир ќе добие голманот Андреј Данчевски, кој инаку настапува во детската лига, за генерацијата родени “2006“ година, под водство на Игор Кралевски. Тренерот Петковски се одлучи за комбиниран состав од двете екипи на својата генерација, кои станаа есенски шампиони во детската лига.