Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Голем успех за пионерите на Рк Вардар, кои освоија сребрен медал на турнирот во Зрењанин
Голем успех за пионерите на Рк Вардар, кои освоија сребрен медал на турнирот во Зрењанин

Голем успех за пионерите на Рк Вардар, кои освоија сребрен медал на турнирот во Зрењанин

Голем успех во меѓународни рамки за пионерите на ракометниот клуб Вардар. Генерацијата родени 2002/03 година изминативе три дена беа дел од силниот меѓународен турнир во Зрењанин (Србија), на кој го освоија одличното второ место. Во големото финале избраниците на Андријана Будимир беа поразени од екипата на Камп Растимо. Конечниот резултат на крајот гласеше 27:18. Можеби заморот од исрпувачкото полуфинале со силниот Партизан си го направи своето, па нашите млади надежи немаа сили за уште еден подвиг. Иако вреди да се напомене дека во првото полувреме постоеше резултатска неизвеснот, кога противникот на пауза имаше само еден гол предност (12:11). Во второто полувреме следеше мал пад во нашата игра, се работеше за краток период кога Камп Растимо успеаа да направи серија од неколку последователни погодоци и резултатски да се одалечи од нашиот тим.

Несомнено е дека тренерот на оваа генерација, Андријана Будимир направи голем успех со оваа екипа, за која ова е прв ваков меѓународен турнир на кој учествуваат нашите момчиња. Голем напредок во сите сегменти на играта, на секој од играчите кои ги бранеа боите на Вардар, на турнирот во Зрењанин. Веруваме дека со напорни тренинзи и работа, нашите млади надежи ќе се усовршуваат и ќе го достигнат својот врв, на некој од наредните турнири на кој ќе земат учество. Во групната фаза го освоивме второто место, каде забележивме две победи и два порази. Но сигурно најголемиот резултат и најдобриот натпревар за црвено-црните, беше полуфиналниот дуел против силниот Партизан, кој важеше за најголем фаворит за освојување на златниот медал. Честитки и од нашата редакција за младите Вардарци, кои паралелно ги следеа случувањата и известуваа за секој нивни натпревар.