Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Шестто место за пионерките на Рк Вардар на турнирот во Зрењанин
Шестто место за пионерките на Рк Вардар на турнирот во Зрењанин

Шестто место за пионерките на Рк Вардар на турнирот во Зрењанин

Пионерките на ракометниот клуб Вардар го освоија шесттото место на силниот турнир во Зрењанин (Србија). Денес беше последниот натпреварувачки ден на овој турнир, на кој се играа натпреварите за пласман. Избраничките на Драгана Ристова-Пецевска во борбата за петтото место, беа поразени од екипата на Авала, со конечен резултат од 17:12. Цврста игра на двете страни во текот на целиот меч, на крајот сепак подобро се снајде противникот. Првото полувреме беше резултатски израмнето, кога Авала имаше само еден гол позитива (10:9). Сепак на почетокот на вториот дел противникот направи серија од неколку постигнати голови, за резултатски да се одлепи од нашата екипа. Најефикасни во нашиот состав со по 3 постигнати голови беа Марија Галевска и Стефанија Ѓорѓиевска.

  Инаку во групната фаза забележавме една победа против Јаша Томиќ (12:6) и два порази од Камп Црвенка (9:11) и Таурунум Земун (13:2). Во борбата за пласман од 5-8 место, најпрво победивме убедливо во дуелот против Железничар (13:1) и поразот од Авала, за освоено шестто место на силниот меѓународен турнир во Зрењанин. Ова сигурно е едно големо и непроценливо искуство за овие млади ракометарки, кои во иднина треба да се развиваат во вистински професионални играчи.