Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата 2008 во 1/2 финалето на „Вардар Куп“ ќе игра против Осијек
Генерацијата 2008 во 1/2 финалето на „Вардар Куп“ ќе игра против Осијек

Генерацијата 2008 во 1/2 финалето на „Вардар Куп“ ќе игра против Осијек

После одигрување на денешните натпревари од групната фаза, познати се полуфиналните парови на меѓународниот младински турнир „Вардар Куп Скопје“. Вардар во полуфиналето за противник ќе го има тимот на Осијек, додека другата двојка ја сочинуваат екипите на Партизан и Црвена Ѕвезда.

Во групата А, на првото место се пласираше екипата на Ц.Ѕвезда со максимални 6 бодови, додека Вардар беше втор со 3 бодови, додека во групата Б, како првопласиран заврши Осијек со 4 бодови, а второто место му припадна на Партизан со 3 бода.

Во првото 1/2 финале кое започнува од 16:30 часот ќе се сретнат екипите на Вардар и Осијек, додека од 18:30 часот ќе играат екипите на Партизан и Црвена Ѕвезда.