Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ФИНАЛЕ!!! Кадетките ќе се борат за пехар, во 1/2-финалето „разбиен“ Феникс
ФИНАЛЕ!!! Кадетките ќе се борат за пехар, во 1/2-финалето „разбиен“ Феникс

ФИНАЛЕ!!! Кадетките ќе се борат за пехар, во 1/2-финалето „разбиен“ Феникс

Кадетките на ЖРК Вардар се во финалето, тие денес на првиот меч на Ф-4 турнирот во Струга ја совладаа екипата на Феникс АМС. Девојките на Платон и Папуџиева го добија полуфиналето со резултат 30-25 (14-12).

.
Противникот на самиот почеток имаше две минимални водства (0-1 и 2-3), потоа црвено-црната машина зема замав. Влеговме во серија и со 6-0 направивме целосен пресврт поведувајќи со пет гола предност 8-3. Ривалот успеа да се стабилизира и да се врати делумно на резултатски план на ова полуфинале, до крајот на првиот дел тие намалија на два негатива. На одмор заминавме со резултат 14-12 предност за девојките на Платон и Папуџева.

.
Веќе на почетокот на вториот дел одма им одржавме „лекција“ на Феникс, со серија 6-1 најавивме дека ние сме тимот кој заслужува пласман во финалето. Покажавме зашто бевме единствена екипа во групната фаза која имаше 100% ефект, поведувајќи со резултат 20-13 по фуриозниот почеток. Се до крајот беше само формалност, ние го „визиравме“ финалето. Победата ја остваривме со резултат 30-25 и закажавме меч за пехар ова попладне.

.
Пет девојки имаа по пет гола зад своето име на оваа средба, Борјана Коцева, Стојановска Сара, Стефаноска Сара, Радевска Бојана и Коцева Бојана.  Одлична на голот беше Вероника Ѓорѓиевска.