ФК Вардар го претстави првото летно засилување. Станува збор за напаѓачот Симеон Христов кој со тимот на Вардар потпиша договор во време трање од една сезона.
Христов во Вардар доаѓа од редовите на Работнички, а претходно има настапувано и за Тиквеш, Борец, Македонија ЃП, Тетекс, Брегалница, Пелистер, но и за Влазнија, Егри, Вашаш и уште неколку други екипи.
Христов знае како е да се игра во Втората фудбалска лига на Македонија, па така во 2020 беше најдобар стрелец во Втората лига – Исток за тимот на Тиквеш каде постигна 15 погодоци.
Добредојде во Вардар за Симеон Христов!