Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар во сабота заминува на подготовки во Анталија, таму ќе одигра пет пријателски мечеви
ФК Вардар во сабота  заминува на подготовки во Анталија, таму ќе одигра пет пријателски мечеви

ФК Вардар во сабота заминува на подготовки во Анталија, таму ќе одигра пет пријателски мечеви

Подготовките за пролетниот дел на Вардар се одвиваат досега во нашиот главен град Скопје. Момците тренираа во теретана и на терените на спортскиот комплекс на ФК Вардар во Хиподром. Следува следната фаза која ќе ја имаат момците во Турција.

Според планот тие во сабота на 21-ви јануари, заминуваат на подготовки во Анталија. Веќе е договорено дека црвено-црните во Турција  ќе одигра пет пријателски мечеви.  За истите  се познати и противниците со кои ќе се соочат. Првиот  дуел ни е со   некогашниот европски првак и нашиот познаник од Л.Ш романската екипа, Стеауа Букурешт. Тест број два е против рускиот прволигаш Амкар Перм. Ќе играме уште со Дукла Прага од Чешка,  руски тим Анжи и со тимот кој претходно се сретнувавме во Анталија, екипата на  Терек Грозни. Избранците на Гоце Седлоски според планот во  Анталија остануваат се до 11 февруари.

fkvardar-vardarfans-antalija

ПЛАНОТ  ЗА АНТАЛИЈА

21.01. – Заминување во Анталија

24.01. – Вардар – Стеауа Букурешт (Романија)

28.01. – Вардар – Амкар Перм (Русија)

02.02. – Вардар – Дукла Прага (Чешка)

05.02. – Вардар – Анжи Махачкала (Русија)

09.02. – Вардар – Терек Грозни (Русија)

11.02. – Враќање во Скопје