Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прв пораз за Македонија на СП, Словенија преголем “залак“ за нашата репрезентација

Прв пораз за Македонија на СП, Словенија преголем “залак“ за нашата репрезентација

Ракометната репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз на светското првенство во Франција. Подобри од нас беа Словенците кои се предводени од поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ.

Словенија прва го отвори резултатот, но нашата репрезентација успева преку Манасков да поведе со 1:2, што се покажа како единствено водство на натпреварот. Следуваше серија на противникот од 6:1 за во 14 минута да имаат предност од 7:3. Голманот на Словенија, Скок беше одличен на голот за разлика од нашите голмани, Колев и Трајковски кои заедно по завршување на првото полувреме имаа само 3 успешни интервенции. Не успеваше и играта со играч повеќе во напад и без голман, па така избраниците на Вујовиќ постигнаа неколку лесни голои. Кај нас единствени светли точки беа капитенот Лазаров и Стојанче Стоилов кој во 19 минута намалува на 9:6. Пикерот на Вардар изнуди и неколку удари од седум метри, каде на два пати беше прецизен Лазаров додека еден негов удар го одбрани противничкиот голман. За само една минута, Словенија постигнува два гола и ги враќа петте голови предност (11:6), додека до истекот на 30-те минути стигнува и до највисоки шест голови разлика (16:11).

Деби гол на првенствата за младиот Дрогришки за намалување на 16:11, но Словенија постигнува нови три гола во серија за веќе убедливи 19:11 во 37 минута. На девет минути пред крај, Словенија ја одржуваше предноста која се движеше од 8-9 голови разлика. Скок продолжува со добро издание и во второто полувреме, што беше нерешлива енигма за нашиот состав. До крајот без нешто позначајно на теренот. За одбележување е првиот гол на Вардаровото крило, Мартин Поповски. Конечниот резултат гласеше 29:22.

Кирил Лазаров најефикасен со 9 голови. Стоилов постигна 3 гола, додека Мартин Поповски 1