Повозрасните младински категории на фудбалскиот клуб Вардар ги стартуваа подготовките за новата натпреварувачка сезона. Младинската екипа во новата сезона ќе ја сочинуваат играчи кои се родени “2000“ година, а нивни тренер ќе биде Ане Андовски. За кадетите ќе настапуваат играчи родени 2001 година, кој ќе ги предводи Златко Таневски.
Генерацијата родени “2002“ година која минатата сезона стана шампион на Македонија, сега ќе се натпреварува во пионерската лига, а нивни тренер ќе биде Игор Кралевски. Дебитантска сезона во првенството ќе имаат и генерацијата родени “2003“ година, кои ќе настапуваат како помлади пионери. Истава генерација претходните две сезони успеваше да стане шампион во регоналната-скопска лига и еднаш да го освои националниот куп. Филип Деспотовски доби шанса да биде тренер на оваа екипа.
Познати се уште тренерите на две возрасни генерации во Вардар. Петар Ѓорѓиевски ќе се обиде со генерацијата родени “2004“ година да ја одбрани двојната круна, додека Сашо Јанев ќе биде тренер на шампионската генерација “2005“. Доплнително во наредниот период ќе бидат познати и тренерите на другите генерации, кои со подготовки треба да стартуваат на почетокот на месец август.