Во сабота на програмата е претпоследното 26.коло во рамките на Втората Лига-Запад. Вардар на стадионот во Автокоманда ќе биде домаќин на екипата на Силекс.
ФФМ за главен судија на овој натпревар го делегираше Јован Качевски од Струга, додека негови помошници ќе бидат Разме Бакрачески и Климент Ристоски, исто така од Струга.
Натпреварот во сабота ќе стартува од 17:00 часот. За Вардар е потребна само победа, доколку сакаме во последното коло да се надеваме на пласман на втората позиција, која носи учество во баражот за пласман во ПМФЛ.