Генерациите 2007 и 2008 на ФК Вардар во сабота ги очекуваат натпревари во Регионалната Скопска Лига. Претходните натпревари против екипите на Работнички и Шкупи беа одложени, па црвено-црните после подолга пауза се враќаат на настапите во ова натпреварување.
Во сабота на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, избраниците на Влатко Колев се домаќини на екипата на Фортуна. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.