Во недела (09.05), ќе се одигра претпоследното коло во рамките на ПМФЛ. Вардар ќе гостува во Струга кај екипата на Струга ТЛ.
ФФМ ги делегираше судиите за овој дуел, главен арбитар ќе биде Димитар Пилешков (Штип), додека негови помошници се Никола Караколев (Штип) и Кристијан Џонов (Штип).
Натпреварот ќе се одигра на градскиот стадион во Струга со почеток од 16:00 часот.