По репрезентативната пауза продолжуваат возбудувањата во македонскиот сениорски ракометен шампионат. Викендов на програмата е 9.коло од плеј-офот за титулата. Во оваа рунда РК Вардар 1961 е домаќин на ГРК Охрид.
Дуелот е закажан за утре (8.мај, сабота) во Спортскиот центар „Јане Сандански“, истиот ќе започне со одигрување во 13-00 часот. Црвено-црните по 8.кола се лидери со максимални 24.бода на своето конто, Охрид е на 5.позиција со 9.бода и е во игра за треттото место каде што се води борба помеѓу нив и екипите на Бутел, Металург и Пролет.