Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ѓоргиев од Штип ќе ја дели судиската правда во Струмица
Ѓоргиев од Штип ќе ја дели судиската правда во Струмица

Ѓоргиев од Штип ќе ја дели судиската правда во Струмица

Фудбалската федерација на Р.Македонија ги делегираше судиите за првото коло во ПМФЛ, кое стартува претстојниов викенд.

Својот натпревар, Вардар го игра во недела, кога гостува кај екипата на Брера Струмица. За главен судија е делегиран Крумислав Ѓоргиев од Штип, додека помошници ќе му бидат Петар Новачев од Велес и Душко Панов од Кавадарци.

Натпреварот ќе се одигра на спортскиот комплекс „Пандев“ во Струмица со почеток од 17:оо часот.