Во недела, стартува новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ. Во рамките на 1.коло, црвено-црните ќе гостуваат на Брера Струмица. На својата официјална страница, навивачката група Комити излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:
Го известуваме членството дека управата на ФК Брера во консултација со нашата управа, а поради малиот капацитет на спортскиот комплекс “Горан Пандев”, одлучи пред натпреварот во недела, да биде монтирана посебна трибина наменета за Вардаровите навивачи.
Трибината е наменета за бројка од 100 луѓе, но покрај самата трибина ќе биде обезбеден и дополнителен простор за групата и за симпатизерите на клубот.
Долго го чекавме овој момент, затоа и покрај околностите – СИТЕ ВО СТРУМИЦА!
Важна напомена: Поради околностите, за ова гостување нема да има организиран превоз.