Во недела, стартува новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ.
Во недела (06.08), екипата на ФК Вардар гостува во Струмица кај екипата на Брера Струмица. Натпреварот ќе се одигра на спортскиот центар „Пандев“ во Струмица со почеток од 17:00 часот.
По пауза од две години, Вардар се враќа со настапи во најсилната македонска фудбалска лига. Црвено-црните до овој момент се засилија со Владица Брдаровски, Алберт Алаведра, Азер Омерагиќ, Лука Трајкоски, Матеус Лемос и Ласо Фигураедо Педрињо.