Sunday ,09 February 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Марио Стојановски се запиша во листата на стрелци, во поразот на Македонија од Норвешка
Марио Стојановски се запиша во листата на стрелци, во поразот на Македонија од Норвешка

Марио Стојановски се запиша во листата на стрелци, во поразот на Македонија од Норвешка

Машката кадетска ракометна репрезентација на Р.Македонија со пораз го стартуваше Светското првенство кое од вчера започна во Хрватска. После голема борба, избраниците на Раде Стојановиќ беа поразени со резултат 27:25 од селекцијата на Норвешка.

Македонија имаше негатива во најголем дел од натпреварот, но на крајот можеби испушти шанса да освои и бод од овој премиерен натпревар на мундијалот во Хрватска. Игравме храбро и ниту во еден момент не се откажавме од помислата дека можеме да го изненадиме противникот.

Иако и во двете полувремиња, во одредени периоди имавме негатива и од четири голови, на крајот можевме да се избориме за бод. На полувреме се замина со предност на Норвешка од 11:9. Во второто полувреме при предност на противникот од 24:20, Македонија се врати во игра и намали на 25:24, но противникот постигна гол и зголеми на два гола разлика.

Единствениот вардаров играч кој е дел од оваа млада репрезентација, воедно и член на првиот тим на Вардар, Марио Стојановски, беше во составот за овој натпревар постигнувајќи еден гол.