Веќе е познато во кој хотел ќе престојува нашиот ФК Вардар на зимските подготовки во Анталија. Станува збор за прекрасниот Каја Палацо, којшто се наоѓа во Белек. Вардарци на овие зимски подготовки се решија да го променат хотелот, но, не и Анталија. Вардарци за прв пат ќе престојуваат во овој хотел.
Условите кои ги нудат сите комплекси се феноменални, па така и овој комплекс нуди одлични услови. Вардарци ќе имаат одлични услови за тренинг и работа. За мало потсетување, целиот тим со стручниот штаб на пат за Анталија ќе заминат на 21 јануари. Предвидено е во Турција да се остане се до 11 февруари.
Исто така, досега се познати и три “контролки”. Вардарци и на овие подготовки силите ќе ги одмерат со рускиот прволигаш, тимот на Амкар, потоа ќе играме и со Стеауа од Романија и Дукла Прага од Чешка. Сеуште не се познати противниците на уште три натпревари.