Кормиларот на шпанската ракометна репрезентација Жорди Рибера, го скрати списокот на играчи за Светското првенство во Франција. Останаа 17 ракометари меѓу кои и вардарците Канелјас и Душебаев со кои ќе ги заврши подготовките за мундијалот во Франција.
Двајцата вардарци заедно со останатиот дел од ростерот утре, на 3-ти јануари ќе се соберат во Ирун, а пак црвено-жолтите од 6-ти до 8-ми јануари ќе го одиграат традиционалниот турнир. Тие ќе играат против Полска, Аргентина и селекцијата на Катар. Во првиот поширок список треба да се напомене дека беа и Штербик и Македа кои по претходното кратење отпаднаа. Шпанија ќе го започне светското првенство во групата Б која ќе се игра во Мец. Во истата група игра Македонија, покрај со неа ќе се сретне со Словенија, Исланд, Тунис и Ангола. Селекторот покрај двајцата вардарци на својот список ги има и овие 15 ракометари:
Голмани: Гонзало Перез де Варгас (Барселона), Родриго Коралес (Плоцк)
Леви крила : Ангел Фернандез (Ла Риоха), Валеро Ривера (Барселона)
Леви бекови : Жоан Канелјас (Вардар), Иосу Гони Леоз (Аикс-ен-Прованс), Алехандро Костоја (Адемар Леон)
Централни бекови : Раул Ентрериос (Барселона), Дани Сармиенто (Ст. Рафаел)
Десни бекови : Алекс Душебаев (Вардар), Едуардо Гурбиндо (Нант)
Десни крила: Виктор Томас (Барселона), Давид Балагуер (Нант)
Пивоти : Хулен Агинагалде (Киелце), Гедеон Гвардиола (Рајн Некар Ловен), Адриа Фигуерас (Гранолерс), Виран Морос (Барселона).