На денешен ден пред четири години ФК Вардар започна да чекори по европскиот пат. Се играше натпреварот во Струмица против фаворизираниот Малме. Преку 5000 навивачи на Вардар во Струмица и голем пресврт во вториот дел за пласмам понатаму.
Со гол отворија гостите од пенал. Се до 56.минута водеше гостинот, а потоа следуваше гол шоу на вардарци. Со головите на Грнчаров, Барсегјан и Николов, Вардар славеше со 3:1 и продолжи понатаму.
Тука започна патот на таа златна генерација на ФК Вардар, која потоа влезе во групната фаза на Лигата на Европа.