На денешен ден пред две години, екипата на ФК Вардар беше блиску да направи изненадување, во дуелот со екипата на Динамо Загреб, во рамките на 2. квалификационо коло од Лигата на Шампионите.
На реванш мечот кој се одигра на Максимир, црвено-црните загубија со резултат 3:2, иако на два пати имаа предност. По првото полувреме имавме водство, со прекрасниот гол од голема далечина на Дарко Велковски. Во вториот дел, домашната екипа го израмни резултатот на 1:1, за вардарци повторно да го вратат водството од 1:2 и тоа со авто гол кој си го постигнаа хрватите. Во тој момент резултатот беше идентичен со оној, кој се одигра во Скопје, кој Динамо Загреб го доби со резултат 1:2. Вардар не издржа за да направи сензација, а домаќинот повторно со удар од белата точка донесе второ израмнување, а до крајот на дуелот постигнаа и трет гол.
Екпатата таа сезона беше предводена од Гоце Седлоски и беше со многу поразличен состав, од оној кој вчера загуби од екипата на Пјуник.