На денешен ден пред една година, бразилецот во редовите на Вардар, Хуан Фелипе го постигна првиот историски гол за Вардар во Лигата на Европа и воопшто за еден македонски клуб во групната фаза од Европските натпреварувања. Вардар загуби на гостувањето кај Розенборг со 3:1, а стрелец на единствениот гол беше Хуан Фелипе, со мајсториски лоб удар и тоа во судиското надополнување.
Да се потсетиме на мајсторијата на Фелипе која ќе влезе во историјата на клубот.
Rosenborg'a 3-1 kaybeden Vardar'ın tek golü Juan Felipe'nin ustaca vuruşuyla geldi. pic.twitter.com/d8k14aWr6Y
— Tivibu Spor (@tivibuspor) September 28, 2017