Во сабота, Вардар ќе гостува во Унгарија на екипата на Веспрем во рамките на 3. коло од најсилната група А во Лигата на Шампионите. Според спортските обложувалници, Веспрем е голем фаворит во пресрет на овој меч. За победа на Унгарците се дава коефициент од 1:25, за нерешен резултат 12:00, додека за победа на Вардар коефициентот е 5:50.
Црвено-црните беа потценети пред стартот од сезоната кога ЕХФ не ги смести ниту во ТОП-10 екипи кои имаат шанси да се најдат на завршниот турнир. Избраниците на Парондо ги демантираа кога во првото коло на гостински терен го победија актуелниот шампион на Европа, тогаш коефициентот за победа на Вардар достигна до 6.00. Останува да видиме што ќе се случува утре во “Веспрем арената„, која се смета за една од најбучните во ракометна Европа.