Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити Запад: Известување до јавноста!
Комити Запад:  Известување до јавноста!

Комити Запад: Известување до јавноста!

Комити со соопштение до јавноста денес се обратија на својата официјална станица во истото се вели:

Бидејќи во последниов период до нас пристигаат голем број пораки и јавувања од страна на странски и домашни новинарски екипи и медиуми, со цел истите да разговараат со нас во врска со претстојниот референдум, сакаме да ја известиме јавноста дека навивачката група Комити-Запад нема потреба и нема да разговара со никакви медиуми, домашни и странски, и се оградува од секој оној кој си дал за право да дава изјави или да одговара на новинарските прашања во името на навивачката група. Доколку се најде таков да ја прифати понудата на новинарските екипи и да разговара со името на навивачката група, ќе сноси последици, пред се правни. Затоа, апелираме до сите членови да се игнорираат сите тие повикувања од страна на новинарите и медиумите, за да не се дојде до несакани последици.

Воедно, сакаме да ги прашаме истите тие новинари каде беа да бараат интервјуа и да истражуваат, кога се случи грозоморното убиство на нашиот член Никола Саздовски – Саздо, кое, патем, се уште не е расчистено.

Некои прашања не заслужуваат одговор

Со почит,

Комити Запад