Раководството на турската екипа Фенербахче која утре ќе искочи на мегдан со црвено-црните објави соопштение за своите навивачи за мечот во пелјофот од ЛЕ. За утрешниот дуел кој се игра од 20-00 часот има напомена дека мечот е од висок ризик, а Турците предупредуваат да нема провокации, ниту да се подлегнува на тие од противничкиот табор. Во соопштението се вели:
УЕФА ќе има дополнителни контролори на безбедноста на мечот, кој е од висок ризик и затоа Ве предупредуваме да нема нарушување на безбедноста. Да не се влегува на терен пред и по натпреварот, да не се внесуваат недозволени пиротехнички средства, знамиња со политичка содржина. Да не се реагира на евентуални провокации на противниките навивачи. Навивајте громогласно за Фенербахче како што Вие тоа го знаете.