Големиот црвено-црн проект ракометната Вардар Јуниор лигата ги дава очекуваните резултати. Децата, чија игра надлежните од Вардар будно ја следеа во текот на минатогодишната сезона, во пресрет на новата сезона ги пополнија испразнетите места во младинските селекции на Вардар. Во изборот на новите играчи, како од оние момчиња кои изминатата година ги следеле на натпреварите во организација на Ракометната академија Вардар, така и од оние кои не биле дел од нашите школи, селекторите се воделе според висината на момчињата. Следите момци добија прилика да играат за младите категории на Вардар:
Голманите Филип Давитков од Шампион Вардар и Брајан Петковски од Филип Вардар, како и левото крило Даниел Митевски од Шампион Вардар и десното крило Дарко Трајковски од Кисела Вода Вардар. Нови се и Благоја Мишевски, Игор Ѓеоргиев, Кристијан Ангелкоски, Дино Еленин, и Александар Налетовски од Шампион Вардар. Од веќе постојните во екипата се и Александар Тушев, Христи Биковски, Виктор Крстевски, Христијан Милошевски, Мартин Карапалевски, Марио Миланов, Васе Наков, Ален Ќосевски, Давид Олтовски, Мартин Мајсторовски, Предраг Радуловиќ и Андреј Мицановски.