Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Солдадо: Сакам да стартувам против ФК Вардар
Солдадо: Сакам да стартувам против ФК Вардар

Солдадо: Сакам да стартувам против ФК Вардар

Шпанскиот фудбалер кој играше за Реал Мадрид, Валенсија, Виљареал и Тотенхем во својата кариера,  Роберто Солдадо е доведен во Фенербахче  како големо засилување. Се очекува  неговиот  дебитантски натпревар да го има токму утре  на првиот дуел против Вардар од плеј-офот  за Лигата на Европа. Тој вели дека одлично се адаптирал и дека сака да настапи утре против црвено-црните на “Телеком арената“ во Скопје.

-Се адаптирав многу брзо во редовите на Фенербахче. Се наоѓам во добра форма и очекувам да бидам стартер. Сакам да му помогнам на мојот нов тим да избори пласман во групната фаза од Лигата на Европа, изјави Солдадо.