Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > УЕФА потврди дека Јаневски утре ќе биде на клупата, ФК Вардар денес на прес официјално ќе го претстави
УЕФА потврди дека Јаневски утре ќе биде на клупата, ФК Вардар денес на прес официјално ќе го претстави

УЕФА потврди дека Јаневски утре ќе биде на клупата, ФК Вардар денес на прес официјално ќе го претстави

Чедо Јаневски ќе го предводи Вардар од клупата, како шеф на стручен штаб против Фенербахче, утре во Скопје, откако и УЕФА го потврди како нов тренер на македонскиот првак.  ФК Вардар преку соопштение до медиумите потврди дека денес на пресконференцијата ќе биде промовиран Јаневски и тој ќе се обрати на медиумите. Во соопштението на клубот се вели:

cede

Фудбалскиот клуб Вардар ги известува сите медиуми дека денеска (среда 16.08.2017 година) со почеток во 20 часот, во прес центарот на „Телеком Арената“, ќе одржи прес конференција по повод натпреварот во Лигата на Европа против Фенербахче. Дуелот се игра в четврток со почеток во 20 часот. 

На прес-конференцијата покрај тоа што ќе бидат искажани очекувањата од утрешниот натпревар во Лигата на Европа, ќе се случи промоција на новиот шеф на стручниот штаб на Ф.К. Вардар. 

Ги потсетуваме сите медиуми дека денеска од 16 до 18 часот во просториите на Фудбалската Академија на ФК Вардар (позади источната трибина), ќе бидат доделени медиумските акредитации. 

Прес-конференцијата на Фенербахче е денеска 18:30 часот во прес центарот на „Телеком Арената“.