Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Три победи и еден нерешен резултат за вардаровите екипи во дуелите со Ренова
Три победи и еден нерешен резултат за вардаровите екипи во дуелите со Ренова

Три победи и еден нерешен резултат за вардаровите екипи во дуелите со Ренова

Изминатиов викенд се одигра 12.коло во првенството на младинските фудбалски категории, во кое за противник ја имавме екипата на Ренова. Беа забележани три победи и еден нерешен резултат.

Помладите пионери ја оправдаа фаворитската улога и на домашен терен славеа убедливо против екипата на Ренова (7:0) и на тој начин стигнаа до седмата победа во лигата. Што се однесува до табелата таму ништо не се промени, во однос на првите четири позиции. Лидер и понатаму е екипата на Работнички која славеше во дербито против екипата на Шкендија, додека триумф забележа и Победа на гостувањето кај екипата на Брегалница. Така, Работнички е прв со 26 освоени бодови, додека второто и третото место го делат Вардар и Победа, со по 23 бодови.

Пионерите исто така триумфираа против врсниците од Ренова (7:1) и за нив ова беше седма победа сезонава. Сепак и после ова коло, рвено-црните ќе останат на второто место на табелата, со оглед дека Академија Пандев остана на првото место, откако во ова коло убедливо го порази тимот на Македонија Ѓ.П. Струмичани се лидери со 25 бодови, додека Вардар е втор со 24, третото место е за Работнички кој има 23 бодови.

Кадетите иако одиграа добар натпревар, сепак не успеаа да стигнат до трите бодови на гостувањето кај Ренова. Иако водевме, во второто полувреме Ренова израмни на 1:1, што на крајот беше и конечен резултат. Загрижувачки е пласманот на оваа генерација на табелата во кадетската супер лига, на која се наоѓаме на претпоследната позиција со само 10 освоени бодови, но треба да се напомене дека имаме и два натпревари помалку за одигрување.

Младинците не оставија ништо на случајноста, со нова добра игра стигнаа до триумф против Ренова (0:2) со по еден гол во двете полувремиња. Вардар стигна до деветтата победа од 10 одиграни мечеви. Прв на табелата е екипата на Шкендија која има 33 бодови, втор е Вардар со 27, но и натпревар помалку кој треба дополнително да го одигра.

Во следното коло, пионерските екипи се домаќини на Работнички, додека кадетите и младинците гостуваат на теренот на Алумина.