Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Три победи и еден пораз за младинските екипи на ФК Вардар, на дуелите со Македонија Ѓ.П
Три победи и еден пораз за младинските екипи на ФК Вардар, на дуелите со Македонија Ѓ.П

Три победи и еден пораз за младинските екипи на ФК Вардар, на дуелите со Македонија Ѓ.П

Изминативе два дена се одигра 25.коло во младинските фудбалски лиги. Вардаровите генерации за противник ја имаа екипата на Македонија Ѓ.П, дуели на кои забележавме три победи и еден пораз.

Помладите пионери иако ја имаа заверено титулата и пред ова коло, сепак не пропуштија ништо на случајноста и остварија нова победа, вкупно 19 оваа сезона за избраниците на Деспотовски. На гостински терен ја совладавме Македонија Ѓ.П со два гола во вториот дел. На две кола пред крајот Вардар е на 1.место со 60 освоени бодови, додека втора е Победа со 50 бодови.

До многу важна победа стигнаа и пионерите на Вардар, во дуелот со Македонија Ѓ.П (0:4). На тој начин избраниците на Кралевски останаа на првото место и во последните две кола влегуваат со еден бод повеќе од екипата на Академија Пандев. Токму во следното коло ќе бидат појасни работите околу новиот шампион во пионерската Супер лига, во кое црвено-црните гостуваат во Струмица, кај А.Пандев, која во ова коло пак триумфираше убедливо на гостувањето кај екипата на Победа и на тој начин ги задржа шансите за трофејот. На Вардар ќе му биде доволен и бод на ова гостување, а во последното коло ќе мораме да ја победиме Шкендија.

Интересно е и во кадетската Супер лига, каде Македонија Ѓ.П и Шкендија во пресрет на нивниот меѓусебен дуел имаат еднаков број на бодови. Во изминатово коло, токму екипата на Ѓорче го совлада Вардар, додека Шкендија победи дома со Шкупи. Во следното претпоследното коло, Македонија Ѓ.П на домашен терен ја пречекува екипата на Шкендија, дерби, во кое може да се реши шампионот во оваа генерација. До крајот Вардар ќе се обиде да го зачува 6.место на табелата, кое го делат со екипата на Победа.

Шкендија и теоретски е шампион во младинската Супер лига, откако на домашен терен ја победи екипата на Шкупи, со што има недостижни осум бодови повеќе од екипата на Вардар. Црвено-црните исто така триумфираа во ова коло, на домашен терен ја совладаме Македонија Ѓ.П и стигнавме до 22.победа. За Вардар шансата за трофејот останува во финалето на Купот, каде токму Шкендија е наш противник.

Во следното 26.коло, пионерските екипи гостуваат кај Академија Пандев, додека кадетите и младинците се домаќини.