Четири младински екипи на ФК Вардар се пласираа во големото финале од купот на Македонија и ќе имаат можност да се борат за трофејот во ова натпреварување. Тоа се генерациите на Вардар родени 2000, 2003, 2004 и 2005 година.
Првично, финалните натпревари од Купот на Македонија во шест конкуренции за млади категории беа закажани на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, но по барање на младинската комисија во рамки на ФФМ, Комитетот за итност донесе одлука сите финални дуели од Купот на Македонија во млади категории да се одиграат во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Термините за одигрување на натпреварите остануваат исти.
Ова се термините за финалните натпревари на вардаровите екипи:
Помлади петлиња (2005): ФК ВАРДАР – ФК КУЛ ЗДРАВЈЕ, 20. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;
Петлиња (2004): ФК ШКЕНДИЈА – ФК ВАРДАР, 20. мај, 17:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;
Младинци: ФК ШКЕНДИЈА – ФК ВАРДАР, 21. мај, 17:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;
Помлади пионери: ФК.АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ФК ВАРДАР, 29. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;