Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Slider > (ВИДЕО) Поранешниот вардаров голман, Страхиња Милиќ е петти најдобар голман во историјата на СЕХА-лигата
(ВИДЕО) Поранешниот вардаров голман, Страхиња Милиќ е петти најдобар голман во историјата на СЕХА-лигата

(ВИДЕО) Поранешниот вардаров голман, Страхиња Милиќ е петти најдобар голман во историјата на СЕХА-лигата

Поранешниот голман на ракометниот клуб Вардар, Страхиња Милиќ се најде во ТОП-5 најдобри голмани во историјата на СЕХА-лигата.

Популарниот Џамбо седум сезони го бранеше голот на Вардар и успеа да освои четири трофеи со клубот во СЕХА-лигата. Иван Пешиќ е голманот кој има најмногу одбрани во ова натпреварување, вкупно 650 со кои го држи првото место на листата. Перица Лелиќ од Нексе е втор со 593, додека по него следат Иван Стевановиќ ( ППД Загреб) со 521 одбрани, Игор Чуприна ( Татран Прешов) со 520 и на 5.место се наоѓа Страхиња Милиќ со вкупно 474 одбрани.