Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Преглед на есенскиот дел за ФК Вардар, Цветановски постигна најмногу голови
Преглед на есенскиот дел за ФК Вардар, Цветановски постигна најмногу голови

Преглед на есенскиот дел за ФК Вардар, Цветановски постигна најмногу голови

Со вчерашните одиграни натпревари од 18 коло во ПМФЛ финишираше есенскиот дел од сезоната во најсилната македонска фудбалска лига. Вардар заврши на 6.место со 25 освоени бодови. Иако влеговме доста подмладени и со големи промени во играчкиот состав, сепак на крајот од есенскиот дел постигнавме солидни резултати. Имаше натпревари на кои можевме да стигнеме и до цел „плен“ но попуштавме во последните минути од натпреварите. Немаше да биде незаслужено ако на нашето конто имаше уште плус 6-7 бодови, но сепак и овој пласман е добар за македонскиот шампион, ако се знае со какви проблеми се соочува клубот.

Сите постигнати резултати во есенскиот дел:

1 коло: Вардар – Борец  0:1

2 коло: Академија Пандев – Вардар  0:1

3 коло: Вардар – Силекс  0:4

4 коло: Работнички – Вардар  1:1

5 коло: Вардар – Шкупи  1:0

6 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  2:1

7 коло: Вардар – Беласица  3:1

8 коло: Пелистер – Вардар  1:1

9 коло: Вардар – Шкендија  1:5

10 коло: Вардар – Ренова  3:3

11 коло: Струга ТЛ – Вардар  2:2

12 коло: Борец – Вардар  0:2

13 коло: Вардар – Академија Пандев  2:0

14 коло: Силекс – Вардар  1:0

15 коло: Вардар – Работнички  0:0

16 коло: Шкупи – Вардар  1:1

17 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  2:2

18 коло: Беласица – Вардар  0:3

Што се однесува до листата на најдобри стрелци во редовите на Вардар, врвот му припаѓа на Матеј Цветановски кој има постигнато 6 голови.

Вака изгледа листата на стрелци кај Вардар во есенскиот дел:

1. Матеј Цветановски -6

2. Мартин Мирчевски -4

3. Филип Петковски, Јован Попзлатанов и Дарко Мицевски-3

4. Дејан Блажевски-2

5. Стефан Лазаревиќ, Милован Петровиќ и Андреј Стојчевски-1.