Пионерите на ФК Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната на второто место на табелата. Оваа генерација која е предводена од Сашо Тодоровски одигра седум натпревари на кои забележа пет победи и два порази. Единствените порази беа на дерби натпреварите против екипите на Шкендија и Работнички.
Што се однесува до табелата во пионерската супер лига, не очекува интересна сезона и во пролетниот дел од натпреварувањето, со оглед дека екипите кои се позиционирани од 1-7 место се разлика само три бода. Вардарци имаат 15 бодови и се наоѓаат на второто место зад екипата на Победа која има 16 бодови. Гол разликата е 20 постигнати и 8 примени голови.
Ова се сите постигнати резултати на пионерите во лигата:
1 коло: Куманово Еуроспорт – Вардар 0:3
2 коло: Вардар – Ренова 2:1
3 коло: Шкендија – Вардар 2:1
4 коло: Вардар – Работнички 4:5
5 коло: Брегалница - Вардар 0:3
6 коло: Њу Старс – Вардар 0:2
7 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 5:0
Во Купот бевме елиминирани во 1/4 финалето од екипата на Работнички. Се одигра само еден натпревар на теренот на „Алумина“ кој го доби градскиот ривал со резултат 2:1. На стартот од пролетниот дел во пионерската супер лига, екипата на Вардар ќе гостува кај Шкупи.