Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2004“ е есенски шампион во регионалната-скопска лига, Бесар Гуџуфи е најдобар стрелец
ФК Вардар генер. “2004“ е есенски шампион во регионалната-скопска лига, Бесар Гуџуфи е најдобар стрелец

ФК Вардар генер. “2004“ е есенски шампион во регионалната-скопска лига, Бесар Гуџуфи е најдобар стрелец

Генерацијата на ФК Вардар родени “2004„ година ја играат својата втора сезона во регионалната-скопска лига. Оваа екипа атакува на вториот трофеј во ова натпреварување откако стана шамион во дебитантската сезона, а на добар пат е да го повтори успехот и оваа сезона. Генерацијата која ја предводи искусниот Петар Георгиевски го заврши есенскиот дел од сезоната на првото место на табелата во ова натпреварување. На девет одиграни натпревари црвено-црните забележаа седум победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Бодови изгубивме во второто ( пораз од Работнички) и во третото коло ( нерешено со Милано), од тој меч па се до крајот на есенскиот дел, вардарци бележаа само победи. Со оглед дека оваа генерација имаше нов тренер беше потребно време за воигрување, а како одминувааа натпреварите, екипата предводена од Георгиевски играше се подобро. Успеавме да постигнеме 34 голови, додека примивме само 6 погодоци.

517

Ова се сите постигнати резултати во есенскиот дел од сезоната во регионалната-скопска лига:

1 коло: Вардар – Шкендија 3:1

2 коло: Работнички – Вардар 2:1

3 коло: Вардар – Милано 0:0

4 коло: Њу Старс – Вардар  1:2

5 коло: Вардар – Шкупи 4:1

6 коло: Вардар – Скопје 9:1

7 коло: Форца - Вардар 0:7

8 коло: Вардар – Кул 3:0

9 коло: Драчево Јуниор – Вардар 0:5

Успеавме да се пласираме во полуфиналето на купот и да продолжиме да се бориме за одбрана на трофејот и во ова натпреварување. Со службен резултат го добивме осминафиналниот дуел против екипата на Македонија Ѓ.П, откако оваа екипа се откажа оваа сезона да се натпреварува и во двете натпреварувања. Во четвртфиналето за противник го имавме тимот на Пелистер, двомеч кој го добивме убедливо со резултат 10:1. Најпрво славевме на гостувањето во Битола (0:2), за пласманот во најдобрите четири екипи да го потврдиме и на реваншот во Скопје, кога славевме убедливо со резултат 8:1.

Најдобар стрелец на оваа генерација е Бесар Гуџуфи, кој постигна вкупно 21 гол. Во предвид се земаат головите во двете натпреварувања ( лига и куп).

615

1. Бесар Гуџуфи  21

2. Левент Ибраим 8

3. Сандро Каровски 4

4. Талха Идризи, Кристијан Ѓорѓиевски, Горазд Попов и Давор Серафимов по 2

5. Димитар Стоимов, Стефан Стојановски и Никола Павлески по 1

Како што напоменавме, вардарци ќе “презимат„ на првото место на табелата, со два бода повеќе од екипата на Работнички, односно три од тимот на Шкупи. Вака изгледа табелата после завршување на есенскиот дел од сезоната.

vardarfans-2004