Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: Се надевам дека на крајот ќе завршиме на првото место, нешто за кое целиме секоја сезона
Васоски: Се надевам дека на крајот ќе завршиме на првото место, нешто за кое целиме секоја сезона

Васоски: Се надевам дека на крајот ќе завршиме на првото место, нешто за кое целиме секоја сезона

Вардар го заврши есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ на второто место, со 35 освоени бодови, или ет помалку од лидерот, тимот на Шкендија. Црвено-црните на 18 одиграни натпревари забележаа 10 победи, 5 нерешени резултати и 3 порази. Можеме да се пофалиме и со податокот дека ја имаме најдобрата одбрана во лигата. За официјалната страна на клубот, шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски го сумираше постигнатото низ есенскиот дел од сезоната. Тој искажа задоволство од резултатите, напоменувајќи го оној спорен гол на Шкендија, кој донесе пресврт во однос на позициите на табелата, после тој триумф на тетовци.

-Од фудбалски аспект, мислам дека можеме да бидеме задоволни од овие изминати 18 натпревари, со оглед на тоа што два клучни фудбалери не ни играа речиси цела полусезона. Можеби треба да жалиме што не успеавме да освоиме уште некој бод на одредени натпревари кога незаслужено бевме поразени. Мислам дека еден од клучните моменти беше поразот од Шкендија кога имаше нерегуларен гол. Од тој натпревар влеговме во една лоша серија, и тука нашиот ривал ја направи разликата на табелата. Меѓутоа во целина сме задоволни, и натаму сме во игра за првото место.

Васоски им даваше шанси и на некои играчи од младинскиот погон на клубот, како Бериша, Антовски и Ибиши кои добиваа минути на теренот, на мечевите од ПМФЛ.

-Играчкиот кадар дозволуваше да промовираме некои млади играчи од младинската школа на нашиот тим. Засилувањата кои ги добивме пред почетокот на сезоната се покажаа како одлични, и покажаа дека можат да се носат со притисокот кој го бара овој тим“, истакна шефот на стручниот штаб.

Стратегот на вардарци искрено се надева дека на крајот Вардар ќе успеа да биде шампион на Македонија.

-Реков дека и натаму сме во игра за првото место. Разликата е таа што е, кажав дека кој беше клучен момент што таа е направена. Имаме уште два меча со нашиот директен конкурент до крајот на сезоната. Се надевам дека со мирни и чисти глави ќе влеземе во престојниот подготвителен период, и дека во пролетниот дел ќе освоиме повеќе бодови од сега, и на крајот нормално посакувам и се надевам дека ќе бидеме на првото место, нешто за кое целиме секоја сезона, истакна Васоски.