Есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига заврши, а Вардар може да се пофали дека ја има убедливо најдобрата одбрана во друштво на десеттe прволигаши и дека во неколку сегменти Филип Гачевски е апсолутно голман број еден.
Бројките го велат следното:
- Вардар есенва прими само десет погодоци на 18 натпревари.
– Филип Гачевски е во серија од 304 минути без примен погодок.
– Филип Гачевски од 18 натпревари, на десет ја сочувал својата мрежа.
– Филип Гачевски и Владица Брдаровски ги одиграа сите 18 натпревари за Вардар оваа есен.
– Двоецот Манев-Херанц на последните четири натпревари како тандем, “капитулираше” само еднаш.
- Одбрана на Вардар полусезона 2018/19: Гачевски (18), Брдаровски (18), Новак (14), Попов (8), Херанц (4), Манев (11), Тодороски (14), Тошевски (10).