Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар утре во младинското дерби го пречекува Куманово, црвено-црните не го даваат врвот

ЖРК Вардар утре во младинското дерби го пречекува Куманово, црвено-црните не го даваат врвот

t-zrk

Утре во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во дербито на женската младинска лига нашиот Вардар ја пречекува екипата на ЖРК Куманово од истоимениот град. Натпреварот ќе се игра со почеток во 18-30 часот.

Дуелот  е средба на две екипи кои немаат пораз ниту нерешен дуел досега. Ние сме лидери на табелата со 18.бода, а кумановски имаат 15 на своето конто со дуел помалку. Се очекува голема борба, дуел за секоја топка, нашиот тим иако има скратен ростер поради големиот број на повредени ракометарки ќе оди на триумф и задржување на првото место. Жарот за победа црвено-црните девојки го покажуваат во секој натпревар досега, тие го имаат најдобриот напад во лигата со дури 236 постигнати гола, или со неверојатен просек од речиси постигнати 40 гола по дуел (39,30).