Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Преглед на есенскиот дел од сезоната за дебитантската генер. “2010“ на ФК Вардар, во детската лига
Преглед на есенскиот дел од сезоната за дебитантската генер. “2010“ на ФК Вардар, во детската лига

Преглед на есенскиот дел од сезоната за дебитантската генер. “2010“ на ФК Вардар, во детската лига

За прв пат оваа сезона дебитанти во детската фудбалска лига, беше вардаровата генерација родени “2010“ година, кои се натпреваруваа со две екипи, предводени од тренерот Зоран Петковски. И двете екипи одиграа по 10 натпревари во есенскиот дел од сезоната, а како поуспешни се покажаа Вардар (1), кои овој дел од сезоната го завршија без пораз. Тие на десет одиграни мечеви имаа осум победи, два нерешени резултати и без ниту еден пораз ја финишираа полусезоната. Оваа екипа на црвено-црните беше голгетерски расположена, успевајќи да постигне дури 65 голови, додека прими само 9, што е големо достигнување за овие наши млади надежи, кои допрва започнуваат да ги учат правилата на фудбалската игра. На три натпревари ги победувавме противниците и со двоцифрена разлика.

Сите постигнати резултати на Вардар (1) во есенскиот дел од сезоната во детската лига: 

1 коло: Вардар – Њу Старс 7:3

2 коло: Вардар – Форца 1:1

3 коло: Вардар – Работнички 15:0

4 коло: Вардар – Грозданоски 13:0

5 коло: слободни

6 коло: Вардар – Вардар (2) 5:2

7 коло: Вардар – Шкупи 10:0

8 коло: Вардар – Скупи 3:0

9 коло: Вардар – Фамос 3:1

10 коло: Вардар – Биџо 2:2

11 коло: Вардар – Фаст 6:0

Најдобар стрелец во овој состав е Стефан Ристиќ кој успеа да постигне вкупно 18 голови, што со Васовски од другата екипа ги прават и најдобри стрелци во оваа најмлада генерација на Вардар. Вака изгледа листата на стрелци кај екипата на Вардар (1):

25436343_1678338375556747_1018093045_n-660x330

1. Стефан Ристиќ 18

2. Далибор Марковиќ 12

3. Марко Јовановски 11

4. Константин Трајков 10

5. Матеј Чедевски 7

6. Огнен Сивески 3

7. Дарио Илиќ, Филип Наумовски и Драган Гечев по 1 постигнат гол.

Интересно сите играчи во оваа екипи успеаа да се запишат во листата на стрелци, во овој дел од сезоната.

Состав на Вардар (1): Марко Јовановски, Огнен Сивески, Далибор Марковиќ, Стефан Ристиќ, Филип Наумовски, Матеј Чедевски, Константин Трајков. 

Вардар (2) исто така одигра десет натпревари и резултатски помина послабо од “братскиот“ Вардар (1). Овој состав на Петковски имаше пет победи, еден нерешен резултат и четири порази. Интересно е тоа што колку успеаа да постигнат голови, толку и примија во својата мрежа, односно по идентични 35 голови дадоа во противничките мрежи и исто толку примија во својата.

Ова се сите резултати на Вардар (2) во есенскиот дел:

1 коло: Вардар – Фаст 4:5

2 коло: Вардар – Њу Старс 6:3

3 коло: Вардар – Форца 3:3

4 коло: Вардар – Работнички 3:1

5 коло: Вардар – Гроздански 5:3

6 коло: Вардар – Вардар (1) 2:5

7 коло: слободни

8 коло: Вардар – Шкупи 4:2

9 коло: Вардар – Скупи 1:2

10 коло: Вардар – Фамос 2:8

11 коло: Вардар – Биџо 5:3

Состав на Вардар (2): Петар Васоски, Лука Пацески, Македон Симев, Дарио Илиќ, Лука Михајловски, Лука Јосифовиќ, Јован Спасовски, Драган Гечев. 

Петар Васоски е тука најдобар стрелец, кој има постигнато исто така 18 голови. Ова се играчите кои ги постигнаа сите 35 голови за оваа екипа во есенскиот дел.

633

1. Петар Васоски 18

2. Лука Пацески 7

3. Константин Трајков 4

4. Лука Јосифовиќ 3

4. Благојче Седлоски, Драган Гечев и Јован Спасовски по 1