Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шампионската генерација “2007“ продолжува со добрите игри и во новата сезона, Вардар (1) стана есенски шампион со дури 103 постигнати голови
Шампионската генерација “2007“ продолжува со добрите игри и во новата сезона, Вардар (1) стана есенски шампион со дури 103 постигнати голови

Шампионската генерација “2007“ продолжува со добрите игри и во новата сезона, Вардар (1) стана есенски шампион со дури 103 постигнати голови

Шампионската генерација на Вардар од минатата сезона, дечиња родени “2007“ година продолжуваат со добрите игри и во новата натпреварувачка сезона. Екипите вообичаено се поделени во две, кои одиграа вкупно 23 натпревари во своите групи. Вардар (1) кој го сочинуваат играчи кои станаа шампиони во минатата сезона се промовираа како есенски шампион и во оваа натпреварувачка сезона, а новиот тренер Зоран Петковски продолжи успешно да ја спроведува работата од неговиот колега, Томче Трајановски кој беше предводник минатата сезона. Нивните бројки се зачудувачки и во овој дел од сезоната. Постигнаа 11 победи од исто толку натпревари и со максимален број на освоени бодови се наоѓаат на првото место на табелата.

Состав на Вардар (1): Лука Јаневски, Милош Спасовски, Лука Атанасовски, Марко Крстевски, Марко Киш, Александар Грашески, Петар Мицевски, Стефан Младеновски, Борјан Томовски, Драган Лебариќ, Кристијан Јаковчевски.

vardarfans-1

Гол разликата е импресивна, со дури 103 постигнати голови и само 11 примени во својата мрежа. Резултатите покажуваат дека ниту еден противник не беше ни блиску да направи изненадување и да им одземе бод. Дури четири натпревари ги добиваме со двоцифрен број на постигнати голови.

Ова се постигнатите резултати за Вардар (1) во есенскиот дел од сезоната во детската лига:

1 коло: Вардар – Њу Старс  12:0

2 коло: Вардар – Форца  6:0

3 коло: Вардар – Шкупи  10:1

4 коло: Вардар – Кул Здравје  4:1

5 коло: Вардар – Албарса  6:0

6 коло: Вардар – Куманово 8:3

7 коло: Вардар – Чаир  12:0

8 коло: Вардар – Нова Колонија  6:2

9 коло: Вардар – Албион  7:1

10 коло: Вардар – Фаст  17:2

11 коло: Вардар – Фортуна  15:1

Вардар (2) одигра еден натпревар повеќе од своите соиграчи од Вардар (1). Притоа забележаа 7 победи и 5 порази и ниту еднаш не играа со нерешен резултат. Беа ефикасни во нападот, каде постигнаа 63 голови, додека примија 31 погодок.

vardarfans-tekst-2

Состав на Вардар (2) : Јовица Спасовски, Даниел Исајловски, Михаил Јорданоски, Алексеј Ивановски, Димитар Фидановски, Михаил Крстевски, Лео Манчев, Никола Јовановски, Златко Радески, Војо Стојановски, Петар Котевски, Филип Кузаревски, Младен Тарчуловски.

Ова се сите постигнати резултати на Вардар (2) во есенската полусезона:

1 коло: Вардар – Драчево Јуниор  2:6

2 коло: Вардар – Њу Старс  11:1

3 коло: Вардар – Работнички  1:0

4 коло: слободни

5 коло: Вардар – Викторија  4:5

6 коло: Вардар – Скупи  6:2

7 коло: Вардар – Винер Спорт  0:4

8 коло: Вардар – Хет Трик  9:0

9 коло: Вардар – Смилковци  3:1

10 коло: Вардар – Сарај  3:4

11 коло: Вардар – Металург  19:0

12 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П.  4:2

13 коло: Вардар – Кул Здравје   1:6

Стефан Младеновски продолжува со добрите игри и во новата сезона, каде е најдобар стрелец на оваа генерација. Зад неговото име во есенскиот дел се запишани 31 погодок, што го прави најдобар голгетер. Второто место е за новото засилување Александар Грашески со 24 погодоци, додека трет на оваа листа  се наоѓаат Борјан Томовски и Никола Јовановски кои постигнаа по 17 голови.

stefan-mladenovski

Како изгледа листата на најдобри стрелци кај оваа генерација на ФК Вардар:

1. Стефан Младеновски 31

2. Александар Грашески  24

3. Борјан Томовски  17

4. Никола Јовановски  17

5. Златко Радески  13

6. Петар Мицевски  10

7. Петар Котевски  8

8. Драган Лебариќ, Војо Стојановски и Лео Манчев по 7 голови

9. Марко Киш  5

10. Милош Спасовски и Христијан Јаковчевски по 4

vardarfans-tekst-1

Се надеваме дека во ист ритам ќе продолжат и во пролетниот дел и ќе го одбранат трофејот од минатата сезона.