Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Преглед на есенскиот дел, помладите пионери се лидери во лигата, момците на Стефановски се полуфиналисти во Купот
Преглед на есенскиот дел, помладите пионери се лидери во лигата, момците на Стефановски се полуфиналисти во Купот

Преглед на есенскиот дел, помладите пионери се лидери во лигата, момците на Стефановски се полуфиналисти во Купот

Генерацијата 2005 на ФК Вардар ја игра својата дебитантска сезона во рамките на помладата пионерска супер лига. Екипата која е предводена од Драган Стефановски-Гаге имаше одлична полусезона на која на 7 одиграни натпревари оствари исто толку победи. Доминиравме речиси на сите натпревари, екипата на Брегалница беше најблиску да ни „откине“ бодови откако имаше предност на домашниот дуел во Штип, но сепак вардарци на тој дуел од 5.коло успеаа да направат пресврт и да ги освојат сите бодови. Најубедливиот триумф беше во рамките на 2.коло кога на домашен терен успеавме со двоцифрена разлика да го победиме тимот на Ренова.

Заедно со екипата на Академија Пандев го имаме најефикасниот напад во лигата, со постигнати 34 голови, додека Вардар ја поседува најдобрата одбрана со само 4 примени погодоци.

Ова се сите постигнати резултати за помладите пионери во есенскиот дел: 

1. коло: Куманово Еуроспорт – Вардар  0:5

2 коло: Вардар – Ренова  11:0

3 коло: Шкендија – Вардар  2:5

4 коло: Вардар – Работнички  3:0

5 коло: Брегалница - Вардар  1:2

6 коло: Њу Старс – Вардар  0:5

7 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  3:1

Вардар има максимални 21 освоен бод во првиот дел од сезоната и се наоѓа на лидерското место. На втората позиција со 18 бодови се наоѓа екипата на Акад.Пандев, додека третопласирани се Победа со 15 бодови.

Оваа генерација е единствената од вардаровите, која успеа да се пласира и во полуфиналето на националниот Куп. Во 1/8 финалето бевме слободна екипа, додека во рамките на 1/4 финалето во еден дуел го елиминиравме тимот на Работнички со резултат 2:0. Пласман во најдобрите четири екипи покрај Вардар, обезбедија уште и екипите на Шкендија, Кул и Акад.Пандев.

Во рамките на првото пролетно коло за противник ќе ја имаме екипата на Шкупи.