Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар одличен, но ФМП дојде до бодовите
Вардар одличен, но ФМП дојде до бодовите

Вардар одличен, но ФМП дојде до бодовите

Тимот на  ФМП Академија врза две победи во домашниот шампионат, откако вечерва по голема борба беше  посреќен и впиша победа против КК Вардар. Гостите дојдоа до победа на мечот во салата „Кале“ со резултат 79-82.

Момците на Јованчев добро отворија, првите 10 минути им припаднаа на „црно-црните“ кои беа ефикасни во нападот и поведоа со 26-21, дури и на пауза помеѓу полувремињата отидовме со позитива, сепак таа беше минимална и не гарантираше мирно продолжение. Вториот дел започна со минимална предност за нас од еден поен, 39-38. Клучна беше последната четвртина каде гостинот беше поконцентиран и успеа да дојде до два бода со три плус, 79-82/

Прв стрелец кај тимот на  ФМП беше Крстајиќ со 26 поени,  додека кај Вардар имавме двајца момци со 19.поени, станува збор за  Провел и Лефковски.