Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар ја зголемија предноста пред конкурентите за трофејот, младинците со нова победа, кадетите во лоша серија
Пионерските екипи на ФК Вардар ја зголемија предноста пред конкурентите за трофејот, младинците со нова победа, кадетите во лоша серија

Пионерските екипи на ФК Вардар ја зголемија предноста пред конкурентите за трофејот, младинците со нова победа, кадетите во лоша серија

Три победи и еден пораз е епилогот од одиграното 20.коло на вардаровите екипи во дуелите со екипата на Брегалница. После ова коло, пионерските екипи не само што го задржаа врвот, туку и успеаа да се одвојат на врвот на табелата, зголемувајќи ги шансите за освојување на шампионската титула.

Помладите пионери стигнаа и до својата деветта последователна победа откако на домашен терен убедливо ја совладаа екипата на Брегалница (9:0). Нов доминантен дуел за избраниците на Деспотовски кои покажаа дека се наоѓаат во одлична форма, во многу значаен период од сезоната кога се одлучува шампионот на Македонија. Самиот резултат говори за случувањата на теренот и за разликата во квалитет кај двете екипи, едноставно Брегалница немаше што да бара на овој дуел со силниот Вардар. После ова коло, црвено-црните не само што го задржаа врвот туку и ја зголемија бодовната разлика во однос на нивниот најголем конкурент за трофејот, тоа е екипата на Победа од Прилеп која доживеа незгоден пораз на гостувањето кај последнопласираниот тим на Македонија Ѓ.П. Вардар сега има шест бодови позитива во однос на Победа, противник на кој му гостува во следното коло. Се поизвесно е дека овие две екипи ќе се борат за титулата, со оглед дека им бегаме и 10 бодови на Шкендија, односно 13 на Работнички кои имаат и натпревар помалку.

Во ова коло сигурни беа и пионерите кои исто така забележаа висока победа, изразена со резултат 7:1. Екипата од Штип даде само отпор во првото полувреме, кога постоеше резултатска неизвесност (2:1), додека во вториот дел дојде до целосен израз квалитетот на вардаровите пионери, кои ја наполнија мрежата на Брегалница. Екипата која е предводена доста профитираше од ова коло, со оглед дека Академија Пандев успеа да го победи Работнички, што одеше во корист на црвено-црните. После ова коло, Вардар остана лидер со 44 освоени бодови, додека А.Пандев и Шкупи имаат 38 на второто и третото место, додека Работнички падна на четвртата позиција со 35 бодови и меч помалку од останатите.

Кадетите се единствените од вардаровите екекипи, кои доживеа пораз од екипата на Брегалница. Избраниците на Чунга Лунга влегоа во лоша серија од четири меча без победа, со што останаа на 6.место на табелата во кадетската супер лига. Добро го стартувавме пролетниот дел, со две последователни победи, но во наредните четири меча освоивме само два бода.

Сашо Тодоровски како предводник на младинците ја забележа и шесттата победа од исто толку одиграни мечеви, совладувајќи ја екипата на Брегалница (0:8), што беше вкупно 17.триумф за црвено-црните оваа сезона. Што се однесува до табелата во младинската супер лига, таму нема промени, Шкендија и после ова коло остана со максимален број на освоени бодови, односно ја задржа предноста од осум бодови пред Вардар.

Во следното 21.коло, пионерските екипи гостуваат во Прилеп на екипата на Победа, додека кадетите и младинците се домаќини.