Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати судиите за натпреварот Вардар – Пик Сегед
Познати судиите за натпреварот Вардар – Пик Сегед

Познати судиите за натпреварот Вардар – Пик Сегед

Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула од Словачка се делегирани да го судат дуелот во Скопје во рамките на 1/4 финалето од Л.Ш, на кој се среќаваат нашиот РК Вардар и унгарскиот тим на Пик Сегед. ЕХФ делегат на дуелот во Скопје ќе биде Томо Водопивец од Словенија.

Се надеваме на фер и коректно судење на оваа искусна судиска двојка, која на неколку наврати му ја има делено правдата на нашиот Вардар токму во Скопје.

Натпреварот помеѓу Вардар и Пик Сегед е закажан за четврток, 25 април во 20:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, додека реваншот е на 5 мај во Сегед.