Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар во недела го пречекува ЖРК Пелистер
Вардар во недела го пречекува ЖРК Пелистер

Вардар во недела го пречекува ЖРК Пелистер

Тимот на Симовски, Ристова и Царчев се врати на победничките патеки по кризата во која западна, откако на последнот натпревар победија в гости кај Стружанка. ЖРК Вардар оваа средба победи со десет гола предност, триумирајќи со 24-34, во овој дуел се истакнаа голманот Грујовска Симона и крилото Трпевска Ивона кои завршија со 11-ки зад своите имиња.

Следи нов предизвик за црвено-црниот тим, овој викенд  на дуел во плеј-оф сегментот од Супер лигата не очекува средба со тимот на ЖРК Пелистер. Екипата на зелено-белите ни гостува во недела, на 21.април. Натпреварот е закажан со почеток во 17-30 часот во нашиот дом, СЦ “Јане Сандански“ во Скопје.