Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Познати деновите и термините во кои двете екипи на РК Вардар ќе ги одиграат своите мечеви во купот
Познати деновите и термините во кои двете екипи на РК Вардар ќе ги одиграат своите мечеви во купот

Познати деновите и термините во кои двете екипи на РК Вардар ќе ги одиграат своите мечеви во купот

Престојниов период своите натпревари од осминафиналето во купот, односно мечевите во четвртфиналната група ќе ги одиграат двете ракометни екипи на Вардар.

Младиот состав на Вардар Јуниор се наоѓа во група со екипите на Астраион, Охрид и Еурофарм Работник. Домаќин на групата е екипата од Битола, Еурофарм Работник. Вардар Јуниор за противник го има тимот на Астраион, меч кој ќе се одигра во петок со почеток од 13:00 часот во салата „Боро Чурлевски“. Во вториот дуел од групата силите ќе ги одмерат екипите на Еурофарм и Охрид 2013. Се поизвесно е дека финалниот дуел во групата ќе го играат екипите на Вардар Јуниор и Еурофарм, кои се фаворити во дуелите со своите противници, овој меч би се одигра истиот ден со почеток од 19:30 часот во истата сала.

Екипата на Вардар одбраната на купот ќе ја започне со дуел против екипата на Прилеп. Црвено-црните најпрво во сабота од 14:00 часот во С.Ц. Јане Сандански ќе ја пречекаат екипата на Прилеп, додека во недела најверојатно патуваат за Струга. За домаќин на финалниот меч во групата е одреден победникот од мечот Струга и Металург 2, дуел на кој стружани се фаворити. Мечот во недела би се одиграл во терминот од 18:00 часот.