Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > И Вардар и Пик Сегед победуваат во пресрет на нивниот прв дуел од 1/4 финалето во ЛШ
И Вардар и Пик Сегед победуваат во пресрет на нивниот прв дуел од 1/4 финалето во ЛШ

И Вардар и Пик Сегед победуваат во пресрет на нивниот прв дуел од 1/4 финалето во ЛШ

Екипите на Вардар и Пик Сегед се наоѓаат во победничка серија, во пресрет на нивниот прв четвртфинален меч од Лигата на Шампионите.

Вардар успеа за два дена да сврзе две победи, во рамките на плеј-офот од Супер лигата. Најпрво ја совладавме екипата на Пролет (33:26), за вчера по голема борба да го добиеме и дуелот со екипата на Еурофарм (28:30), натпревар кој се одигра во Битола, на кој Вардар и покрај негативата од девет голови, успеа да го совлада противникот.

Победа вечерва во првенството на Унгарија и за екипата на Пик Сегед, која славеше на гостувањето кај екипата на Комлои (24:34), на полувреме исто така беа во позитива од три гола (13:16). Ова беше вкупно 22 победа од 23 одиграни натпревари за избраниците на Хуан Пастор оваа сезона, кои се на добар пат да ја одбранат титулата во домашното првенство, со оглед дека имаат предност од седум бодови пред екипата на Веспрем, од која имаат и натпревар повеќе.

Ова беше последна контрола за Пик Сегед во пресрет на мечот во Скопје против екипата на Вардар, дуел закажан за на 25.април во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 20:00 часот. Пред овој дуел, црвено-црните ги очекуваат и два натпревари во рамките на 1/4 финалната група во Купот. Најпрво во сабота играме против Прилеп, додека во недела не очекува дуел со подобриот од мечот меѓу Металург 2 и Струга.