Денес конечно по огромна пауза пионерскиот состав на Вардар го одигра првиот кадетски дуел во 2019 година. Гостувавме в Прилеп кај тимот на РК Филип Вардар. Девојките на Платон и Папуџиева беа неверојатни погодува речиси секоја минута по еднаш, победувајќи со неверојатни 56-6 на оваа средба.
Нема што да се опишува многу околу текот на дуелот, во кој целосно доминиравме. Отворивме со спектакурална серија 0-16 по која веќе се беше јасно како ќе тече овој дуел. До крајот на првиот дел они погодија само два пати, ние 15 пати повеќе од тоа. Па така со неверојатни 28 гола предност заминавме на одмор на оваа средба во Прилеп, на пауза девојките заминаа со предност од 2-30.
Вториот дел имаше интересен почеток ние веднаш погодивме и поведовме со 2-31, потоа домаќинот сосема неочекувано според дотогаш одиграното имаше еден “микро“ период на доминација. Тие направија серија 3-0 по која намалија на 5-31, тоа беше се што е за одбележување од нивната игра денес. Потоа црвено-црните тргнаа по нивно, доминираа, лесно го полнеа противничкиот гол, а во одбраната играа на ниво. Како да ги налутија овие три врзани гола па до крајот дозволија само еден во нивната мрежа, во противничката погодивме уште 27 пати. На крај триумфот беше израсен со резултат 6-58.
Тошевска Магдалена погоди дури девет пати, гол помалку односно осум погодци имаше Сара Стефановска, Максимовска погоди во шест наврати, а Андоновска Зорица дуелот го заврши со пет погодоци.