Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Струмичкото дерби за опстанок без победник, преглед на 22.коло во ПМФЛ
Струмичкото дерби за опстанок без победник, преглед на 22.коло во ПМФЛ

Струмичкото дерби за опстанок без победник, преглед на 22.коло во ПМФЛ

Вардар освои бод на натпреварот против екипата на Струга Трим Лум. Изминатиов викенд на програмата беа натпреварите од 22.коло во МПФЛ.

Беа одиграни интересни натпревари, меѓу кој и струмичкото дерби на екипите кои се борат да опстанат во најсилната македонска лига. Екипите на Беласица и Академија Пандев во „мирољубив“ натпревар ги поделија бодовите играјќи без голови.

Екипата на Силекс загуби и на третиот последователен натпревар во пролетниот дел, додека Ренова успеа да извади против фаворитот Шкендија. До победи стигнаа и Работнички кои го изненадија Шкупи на гостински терен, како и Македонија Ѓ.П против Силекс, додека Пелистер освои важни бодови во битката за опстанок, со триуфот дома над Борец.

Комплетни резултати од 22.коло во ПМФЛ:

Шкендија – Ренова  0:0

Вардар – Струга ТЛ  1:1

Пелистер – Борец  1:0

Беласица – Академија Пандев  0:0

Македонија Ѓ.П – Силекс  1:0

Шкупи – Работнички  0:2

Како изгледа моменталната табела во ПМФЛ

158067799_3008142966076462_6793791265294991483_n

 ФОТО: Вардар фото-галерија